Лидерот на табелата Алкалоид ја оствари и 11.та победа во Супер лигата. Вечерва го совлада Охрид на гостувањето со 29:22 (16:14).
Натпреварот се одигра во одлична атмосфера пред полни трибини во СЦ „Билјанини извори“. Со оваа победа Алкалоид оствари триумфи против сите 11 екипи во првиот дел од сезоната.
Почетокот на натпреварот беше изедначен и по водството од 1-0 и 2-1 за домашната екипа, Алкалоид имаше водство од еден гол до 7-7. Веднаш потоа од 20.минута гостите се „одлепија“ на 2-3 разлика, со која заврши првиот дел (16-14). На стартот од второто полувреме охриѓани намалија на гол негатива (17-18 и 18-19), но потоа следуваше нова серија на Алкалоид од 5:0 надополнета со неколку одбрани на Галевски за водство од 24-18 со што беше најавена новата победа.
Најефикасен на дуелот беше Мартин Серафимов со 12 гола (7 од седмерец без промашување), додека голманите на Алкалоид имаа 10 одбрани (Галевски 7, Кизиќ 3). Во редовите на Охрид, Цицар, Пешич и Тасевски беа најпрецизни со по 4 голови.
На другите дуели од денешната програма од 11.коло:
Струга – Вардар 25:34,
Пролет – Бутел 24:19,
ГРК Куманово – Радовиш 30:26,
Бисинов ФЛ – Тиквеш 22:33.
Во вчерашниот натпревар првакот Еурофарм Пелистер го победи Прилеп со 46:24.
ТАБЕЛА: Алкалоид 22 бода, Вардар 20, Е.Пелистер 18, Охрид 16, Бутел 12, Тиквеш 11, Пролет 10, Прилеп 9, Куманово 6, Струга 4, Бисинов ГЛ 3, Радовиш 1.