Неуспешно „деби“ имаше новата генерација на младинската фудбалска селекција. Репрезентацијата до 21 година е поразена од Косово во првиот од двата контролни натпревари.

На дуелот одигран попладнево на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, младите македонски фудбалери загубија со 1-3.

Иако избраниците на Канатларовски први постигнаа гол преку Никола Величковски, во продолжението примија три.

Играта по прекините, особено по изведените корнери на противникот се покажа како слабост на што мора да се работи.

Вториот дуел овие две селекции ќе го играат во недела од 12 часот.