Женската ракометна репрезентација на Македонија на крајот на месецов ја очекува настап на Европскиот шампионат.

Македонија ќе игра во групата „А“ во Дебрецен, а за противници ќе ги имаа Шведска, ко-домаќинот Унгарија и Турција.

Како дел од завршните подготовки македонските ракометарки ќе одиграат и два контролни натпревари. На „Кроација Куп“ што ќе се одржи во Пореч, црвено-жочлтите ќе тестираат со Србинките и Хрватките.

Во првиот меч закажан за 22 ноември (16 часот) македонија ќе игра против домаќинот Хрватска, а ден подоцна (23 ноември ист термин) против Србија.

Европското првенство ќе се одржи во периодот од 28 ноември до 15 декември. Домаќини ќе бидат Шведска, Австрија и Унгарија.

Македонија настапот на ЕП ќе го почне со дуелот против Шведска.