ораз од 29:27 на гостувањето во Вилнус за Македонија во дуелот со Литванија и со тоа продолжи серијата без триумф против овој ривал. Македонските ракометари по двете стартни кола во квалификациите за Европското првенство 2026 година има по една победа и пораз.
Првите минути беа во знакот на македонските ракометари. По минимална предност од 1:0 и 2:1, домашниот тим одговори серија од три гола за водство од 4:2. По 5:4 за Литванија, домашните ракометари направија уште една серија од 4-1 за највисоки +4 во 18.та минута. Во овој период имавме и неколку технички грешки (пробивања и престапи на Пешевски). Брзо се вративме резултатски на 9:8, а испуштивме шанса и за изедначување. Литванија ја зголеми предноста, но црвено-жолтите се изборија на полувреме да биде негативата само еден гол (13:12 за Литванија).
Во првиот дел нашиот национален тим имаше 7 технички грешки (противникот 3). Голманот на Литванија, Рашимас 7 одбрани (вкупно на натпреварот 15). На спротивната страна Кизиќ и Галевски вкупно имаа 6 (вкупно на натпреварот 11 (10+1).
На стартот на вториот дел Македонија успеа да изедначи на 14:14. Потоа благодарение на серијата одбрани на Марко Кизиќ имавме минимално водство од еден гол. Но во последните десет минути по неколку чудни судиски одлуки Литванија поведе со 22:21. Домаќинот во последните пет минути во неколку наврати имаа и два гола позитива, а Македонија намалуваше на еден негатива. Во еден од последните напади, додека нашите ракометари очекуваа знак за пасивен напад, најдобриот стрелец на дуелот Маласинскас го постигна својот осми гол за победа на Литванија од 29:27.
Во македонската репрезентација Филип Кузмановски беше најефикасен со осум голови.
На вториот дуел од нашата група Словенија минимално ја совлада Естонија на гости со 29:28.
По две одиграни кола, Словенија е прва на табелата со 4 бодови, Македонија и Литванија имаат по 2, а Естонија е без бод.
Во следните две кола во март 2025 година Македонија ќе ги одигра двата натпревара со Словенија.