Ракометарките на Металург Автокоманда се вторите што обезбедија пласман во полуфиналето на Купот на Македонија.
Ова откако тие денеска убедливо со 36-18 ја победија екипата на Спартак во завршниот меч од „Б“ групата на елиминациската фаза.
Во ниту еден момент тимот од Автокоманда не му даде шанса на противникот да се понадева на сензација. Од самиот почеток до крајот тоа беше еднонасочен натпревар.
Јана Ѓошевска со 9 голови беше прв стрелец на натпреварот и во победничката екипа за која по 5 постигнаа Анастасија Трпеска и Таида Беровиќ. На спротивната страна 9 постигнати голови имаше Зорица Андовска.
Претходно пласман на завршниот „фајнал-фор“ турнир што ќе се одржи во мај месец, обезбедија ракометарките на Чаир.
Последните два патника во полуфиналето ќе ги дознаеме по дуелите во вторник и среда. Трофејот во Купот на Македонија го бранат ракометарките на Ѓорче Петров.
КУП НА МАКЕДОНИЈА (ЖЕНИ) – ЧЕТВРТФИНАЛНА РУНДА
A ГРУПА финале
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – СПАРТАК 36-18
Б ГРУПА финале
ЧАИР СКОПЈЕ – КУМАНОВО 28-27
В ГРУПА финале
Среда 18.00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ГЕВГЕЛИЈА
Г ГРУПА финале
Вторник 17.00 ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР