Екипата на Соколи ја оствари четвртата победа во Втората кошаркарска лига. Во дерби натпреварот од 5.коло штипскиот тимот беше подобар од Маџари со 96-85.

Соколите имаа неверојатна шутерска вечер во која погодија 16 тројки. Од нив Костадинов реализира седум.

Гостите одиграа помотивирани во првото полувреме во кое ги служеше и шутот. Погодија Сокол дури 9 тројки, па на одмор заминаа со 14 предност 49-35. И во третиот период гостите од Штип продолжија со канонадата погодуваа од сите страни па во последната четвртина влегоа со +19 (54-73). Предначеше Костадинов кој реализира шест во второто полувреме. Немаа договор домаќините

До четвртата победа стигна и составот на Ангели кој очекувано ја совлада најслабата екипа во лигата Академија ФМП.

И Струга одржи чекорот во водечките екипи откако славеше на гостувањето кај Бутел.

Шанса за четврта радост утре ќе имаат кошаркарите на Борец баскет и тоа во дуелот со Водно Санс пред своите навивачи во Велес.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 5.КОЛО
Сабота

МАЏАРИ – СОКОЛИ 85-96
МЕГА БАСКЕТ – РАБОТНИЧКИ 2018 83-78
АНГЕЛИ – АКАДЕМИЈА ФМП 79-55
БУТЕЛ – ЦРН ДРИМ 64-73
Недела
16.00 ОХРИД – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
17.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – ПАРТИЗАН ВОДНО САНС

ТАБЕЛА:   Соколи 9, Ангели 9, Црн Дрим 9, Маџари 8, Мега баскет8, Борец баскет 7, Бутел 7, МЗТ Скопје У.Б. 6, Работнички 2018 6, Партизан Водно Санс 5, Охрид 5, Академија ФМП 5.

*Одигран натпревар повеќе