Со одобрување на трите денешни натпревари, има нов лидер на табелата во Првата лига.
Тое е тимот на Чаир кој ја оставри петтата победа. Чаирчани во дуелот од 6.коло го совладаа ,,фенерџијата” Вардар убедливо со 24 поени разлика. Во ниту еден миг домаќините не им дозволија на црвено-црните да се понедеваат на првата победа.
Со овој триумф и со 11 бодови колку што има и Пелистер, Чаир е лиде на табелата. Двете екипи ќе го чекаат исходот од последниот натпревар од оваа рунда во кој ТФТ му гостува на Работнички. Тимот од Тафталиџе има бод помалку па со нова победа ќе се врати на првото место.
Победи пред домашната публика денеска остварија Кожув и Шкупи.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 6.КОЛО
Сабота (09.11)
ЧАИР – ВАРДАР 104-80
КОЖУВ – МКК КУМАНОВО 82-74
ШКУПИ – ТИКВЕШ 84-82
Петок (08.11)
ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 110-93
Недела (10.11)
18.00 МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР
Понеделник (11.11)
18.00 РАБОТНИЧКИ – ТФТ
ТАБЕЛА: Чаир 11 бодови, Пелистер 11, ТФТ 10, Работнички 9, Кожув 9, МЗТ Скопје Аеродром 8, Тиквеш 8, МКК Куманово 8, Шкупи 8, Гостивар 7, Феникс 7, Вардар 6.
*Одигран натпревар повеќе