НБА шампионот пред две сезони, екипата на Денвер, полека фаќа ритам во новата сезона. „Негатс“ ја врзаа петата победа во серија совладувајќи го Мајами со 135-122.
Уште во првата четвртина Денвер ја најави победата, создавајќи двоцифрена предност. Предводени од Никола Јокиќ и неговиот трип-дабл „Нагетс“ стигнаа до шестиот триумф сезонава.
Србинот натпреварот го заврши со 30 поени, 14 асистенции и 11 скока. Toa за него беше трет последователен, а вкупно петти трип-дабл сезонава. Поддршка дојде и од Џамал Мареј кој додаде 28 поени и шест асистенции.
Во поразот тим на Мајами прво име беше Тајлер Херо ги предводеше Хит со 24 поени, седум скока и 11 асистенции. За „Жешките“ од Флорида ова беше петти пораз.
Десетти натпревар во сезоната, десетта победа на тимот на Кливленд. Синоќа „Кавалирс“ славеа на домашен терен против Голден Стејт со 136:117. Со тоа Кливленд станаа првата екипа која победила во првите десет натпревари и постигнала најмалку 110 поени.
Дариус Гарланд го предводеше тимот со 27 поени и шест асистенции, додека Еван Мобли додаде 23 поени. Најдобар кај „Вориорс“ беше Џонатан Куминга со 21 поен, пет скока и пет асистенции.
И тимот на Оклахома продолжува со импресивните партии. Откако завчера го претрпеа првиот пораз и тоа од Денвер, ноќеска „Тандерс“ славеа на Хјустон со 126-107.
До деветтиот триумф Оклахома ја предводеа, Шаи Гилгеус-Александар и Чет Холмгрен кои постигнаа со 29 поени.