Двата најинтересни натпревари од синоќешната понуда во НБА лигата се одиграа во Далас и Бостон.
Бадијала беа комбинираните 59 поени на Дончиќ и Ирвинг, кога Далас загуби од Феникс пред своите симпатизери со 113-114.
Двајцата кошаркари имаа речиси идентичен учинок. Словенецот заврши со 30 поени и по 7 скока и асистенции, а Кајри имаше поен и асистенција помалку (29 п. 7 с. 6 а.). Но тоа не му помогна на Далас да го избегне петтиот пораз.
На спротивната страна Кевин Дурент беше прв стрелец со 26 поени, но Јусуф Нуркиќ беше најзаслужен за седмата победа во низа на „Санс“. Босанецот во последниот напад оствари офанзивен скок по кој беше направен фаул врз него. Од двете погоди едно слободно фрлање доволно за победа и радост на Феникс. Натпреварот Нуркиќ го заврши со дабл-даб со 15 поени и 10 скокови.
Шампионот Бостон мораше да одигра дополнителни пет минути за да го совлада Бруклин. Откако регуларниот дел заврши нерешено 94-94, „Селтикси во продолжението беа подобри и победија со конечни 108-104.
Повторно прво име беше Џејсон Тејтјум кому му фалеше еден скок да двоен ефект. Тој натпреварот го заврши со 33 поени и 9 скока на кои додаде и четири асистенции.
За Бостон ова беше осмата победа во десеттиот натпревар, а Бруклин има „скор“ 4-5.