Во НБА лигата ноќеска се одиграа само три, а сите завршија со убедливи победи.
Минесота покажа две лица во Чикаго. По негатива од 13 поени „Волците“ ги прегазија „Биковите“ со 135:119.
Ентони Едвардс ја предводеше Минесота до победата со 33 поени, додаде осум скока и шест асистенции. Рендл додаде 22 поени, а Гобер 21 поен и 9 скокови. Вучевиќ повторно е најдобар меѓу „Булси“ со 25 поени, но тимот го претрпе четвртиот пораз.
Милвоки конечно успеа да победи некого. По шест последователни порази „Бакс“ славеа против Јута со 123-100. „Џезерите“ имаа четири поени предност на полувремето, но „Бакс“ продолжија со серија 17-1, а потоа водството продолжи да расте.
Дамина Лилард го заврши натпреварот со 34 поени и седум асистенции, а Јанис Антетокунмпо со 31 поен и 16 скока. Екипата на Јута го има најлошиот „скор“ во лигата со само една победа и дури седум порази.
Сан Антонио се уште е без својот тренер Грег Поповиќ, кој поради болест го пропушти четвртиот меч по ред. Сепак „Спарси“ успеаја да слават победа против Портланд со 118-105.
Дури осум играчи на Сан Антонио беа двоцифрени поентерски. Келдон Џонсон и Малаки Бренам постигнаа по 17, Зек Колинс и Џулијан Шампањ по 14, Виктор Вембањам 12 поени.
За „Спарс“ ова беше само четврта победа, а Портланд го претрпе шестиот пораз.