Најдобрата женска кошаркарска репрезентација на Македонија, денеска го игра третиот натпревар во квалификациите за Евробаскетот 2025-та.
Во СЦ „Кале“ во Скопје, македонските кошаркарки претстојат за противник ја имаат селекцијата на Украина.
Двете селекции во првите два натпревари од квалификациската група „Г“ претрпеа пораз. Избраничките на селекторот Александар Ашаданов сепак ќе имаат тешка задача да дојдат до првата победа.
Ќе успеат ли во тоа, останува да видиме по натпреварот што ќе почне во 18 часот, а влезот за истиот е слободен.
Натпреварот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
Три дена подоцна (исто така во Скопје, 18 часот) македонските кошаркарки ќе ја пречекаат Португалија која денеска игра против Србија.