Женската кошаркарска репрезентација на Македонија се подготвува за два нови натпревари во квалификациите за Евробаскетот 2025 година.

Македонските кошаркарки ги очекуваат дуелите со Украина и Португалија и тоа пред својата публика со СЦ „Кале“ во Скопје. 

Една од најискусните кошаркарки во нашата репрезентација Нена Трајчевска очекува дека Македонија може да првата победа. 

„Пред сѐ, после цела година, убаво чувство е повторно да се собереме дома со овие девојки. Уште поубаво што и двата натпревари ги играме на домашен терен.

Немаме многу време за спремање. Украина и Португалија се комплетни тимови и доаѓаат во Скопје со полн состав и да победат.

Нема да е лесно, ја имаат фаворитската улога, но, ние сме навикнати на тоа, нема да ни пречи. Како и секогаш, очекувам да имаме позитивна атмосфера, карактер и менталитет за борба, од првата до последната минута на двата натпревари, кои здравје би ги крунисале со победи“, изјави Трајчевска.

Првиот натпревар против Украина ќе се игра утре (7 ноември) од 18 часот, а во истиот термин во недела ја пречекуваме Португалија.