Македонската ракометна репрезентација со победа ги почна квалификациите за ЕП 2026 совладана беше Естонија со 37:33 по нерешеното прво полувреме.
Организаторот на играта на Македонија, Марко Митев, кој дуелот го заврши со шест голови (пет постигна во првиот дел) со доза на критика се осврна на првиот триумф.
Естонија се покажа како квалитетен ривал и секако може да прави проблеми.
Очекувам ние да одиграме многу подобро в недела против Литванија, пред се во одбраната.
Одбраните на Кизиќ во вториот дел ни помогнаа да стигнеме до посакуваната предност и да го „затвориме“ натпреварот со првата победа.
Во Литванија ќе мора да играме многу подобро, изјави Митев по натпреварот.
Македонија следниот натпревар со Литванија го игра в недела на гости. Во март 2025 следуваат двата дуела со фаворитот во групата Словенија.