Во натпревар од 9.коло од женската Супер лига Металург Автокоманда го пречека тимот на Куманово. Дуелот заврши без победник 22:22, со што Куманово го прекина максималниот ефект на Металург од шест победи во исто толку одиграни натпревари.
На почетокот Куманово успеа да поведе со 3:1. По што Металург веднаш успеа да израмни на 4:4 па потоа и во 15-тата минута да поведе со 7:4. Металург успешно ја одржуваше оваа минимална предност се до 26-тата минута кога Куманово успеа да израмни на 10:10. На полувреме кумановки заминаа со позитива од 11:10.
Во 37-тата минута од втората половина Куманово успеа да поведе со 15:11. Металург во неколку наврати се обиде да израмни но, гостинската екипа не дозволи. Но, домашната екипа не се откажа и во 24-тата минута со серија 3-0 израмни на 21:21. До крајот се играше израмнето и гол за гол. Па така и крајниот резултат беше 22:22.
Најефикасни од тимот на Куманово беа Петреска и Нестороска со шест погодоци, додека од Куманово Гугуљанова даде седум гола.
Во првиот натпревар од ова коло екипата на Деспина убедливо славеше во дуелот со Шампион. Утре (четврток) ќе се играат останатите четири натпревари од ова коло.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – 9 КОЛО
СРЕДА
19:30 РК ДЕСПИНА – ЖРК ШАМПИОН
20:00 ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ЖРК КУМАНОВО
ЧЕТВРТОК
18:00 ЖРК АСТИБО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ МРК
18:00 ЖРК СКОПЈЕ – ЖРК ЧАИР СКОПЈЕ
18:00 ЖРК ВАРДАР – РК СПАРТАК
19:00 ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЖРК ПЕЛИСТЕР
Ивона Кимовска