Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром не успеа да слави победа во најважниот натпревар од есенскиот дел на сезоната. Во дуел од 4.коло на „А„ групата во АБА2 лига, кошаркарите на МЗТ се поразени Хелиос со 67-68.

МЗТ отвори добро водеше до средината на првиот период кој Хелиос го доби со поен разлика (15-15). Во втората четвртина домаќините одиграа одлично и на полувремето заминаа со +13 (39-26). Аеродромци успеаја да ја надополнат негативата, а на стартот на последниот период и да поведат со 51-55.

Се играше кош за кош до самата завршница односно 26.секунди (66-67) до крајот кога Дивон Едвин заработи неспортски фаул. Американецот не намерно при обид за коп при доскок го удри противничкиот играч со лакт во глава. Тоа судиите го окарактерзираа како неспортски фаул. Домаќините ги искористија двете слободни фрлања за водство од 68-67.
Последниот напад го имаше МЗТ, одговорноста ја презема Американецот, Слај чиј обид беше изблокира, па МЗТ не успеа да стигне до победата.

Така бадијала Американците, Едвин (16 поени) и Слај (15) беа најефикасни во тимот на МЗТ Скопје кој на крајот мораше втор пат да признае пораз од Хелиос.

Со овој пораз трет пораз МЗТ остана на третата позиција на табелата со со мали шанси да освојување на второто место. Првото е резервирано за Хелиос кој има максимални 4 победи. Цедевита јуниор има една победа помалку, а МЗТ два помалку.

Така МЗТ ќе мора да се надева Цедевита да загуби од Тиват, но и хелиос, а аеродромци да слават во меѓусебниот дуел со хрватскиот тим.

Вечерва својот четврти натпревар во АБА2 лигата ќе ги играат и кошаркарите на Работички кои гостуваат во Сараево кај Босна (20 часот).