Само ден по разделбата со Срѓан Захариевски, ФК Вардар најде нов тренер. Станува збор да добро познатиот лик во мак-фудбалот Гоце Седлоски.

Ова утринава беше објавено на официјалните профили на клубот на социјалните мрежи.

„АД ФК Вардар го назначи Гоце Седлоски за нов Шеф на стручниот штаб на клубот“

50-годишниот Седлоски се враќа во црвено-црниот табор по седум години. Тој беше „кормирал“ на Вардар во периодот од 2015 до 2017 кога го предводеше до две шампионски титули.

Седлоски го чека тешка задача, да го спасува Вардар од агонијата во која се наоѓа, односно извлече од самото дно на прволигашката табела. 

Својот „кам-бек“ Седлоски ќе го има веќе во сабота во дуелот против лутиот ривал Шкупи.