По одигрувањето на натпреварите од 4.коло во Втората кошаркарска лига, веќе нема не поразени екипи.
За тоа се погрижија кошаркарите на Струга кои на домашен терен го совладаа составот на Ангели. Сега стружани се една од петте екипи кои имаат ист „скор“ 3 победи и по 1 пораз.
Очекувано до третата своја победа стигнаа и екипите на Маџари и Соколи. На гостувањето во Струмица кај Академија ФМП, топ фаворитот за највисок пласман Маџари славеше убедливо со 94-58. Во Штип и кошаркарите Соколи беа убедливи во дуелот со Охрид кому му го нанесоа третиот пораз.
„Петорката“ на екипи кои имаат по три победи го заокружува велешки Борец кој во најнеизвесниот натпревар како гостин славеше против МЗТ Скопје УБ.
Во следното коло, дербито ќе се игра во Штип каде кај Соколи ќе гостува Маџари.
ВТОРА ЛИГА – РЕЗУТАТИ 4.КОЛО
Работнички 2018 – Бутел 88:90
Академија ФМП – Маџари 58:94
Црн Дрим – Ангели 79:74
Соколи 1933 – Охрид 95:63
Партизан Водно Санс – Мега баскет 95:82
МЗТ Скопје Уни Банка – Борец баскет 75:78
ТАБЕЛА: Маџари 7, Соколи 7, Борец баскет 7, Ангели 7, Црн Дрим 7, Мега баскет 6, Бутел 6, МЗТ Скопје Аеродром 6, Работнички 2018 5, Партизан Водно Санс 5, Охрид 5, Академија ФМП 4;