Македонските кошаркарки во четврток и недела ќе одиграа два нови натпревари во квалификациите за Евробаскетот 2025 година. 

Дуелите против Естонија и Украина ќе бидат третиот и четвртиот за македонските кошаркарки во квалификациите, во кои веќе имаат два порази. 

Целта на избраничките на Александар Ашаданов е да се дојде до првата победа. Ова пред се имајќи в предвид дека двата натпревари ќе ги играат пред својата публика во Скопје. 

„Секој циклус е сличен на претходните. Исклучок не е ни овој ноемвриски ‘прозорец’ на ФИБА. Во овие неколку тренинзи ќе се обидеме да ја поставиме нашата игра, да ги анализираме противниците.

Прв противник ни е Украина, селекција со која не сме се сретнале во изминатите години, додека многу повеќе податоци, извесно, имаме за Португалките.

Целта останува иста, да се обидеме сите заедно да дојдеме до некоја победа, ќе ни значи многу на сите нас“ ,

изјави селекторот Ашаданов. 

Натпреварот со Естонија ќе се игра во четврток, а оној со Украина во недела во СЦ „Кале“. Двата дуели ќе почнат од 18 часот.