Долго време љубителите на фудбалот го чекаа вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар. Конечно тоа и се случи во Битола, каде вечерва за прв пат се играше под рефлектори.
Атмосферата која ја создадоа двете навивачки групи „Чкембари“ и „Комити“ заслужи најголема оценка чиста 10-ка. Конечно еден фудбалски натпревар во Македонија да блесне во полн сјај, но само од направената атмосфера.
Долу на теренот, фудбалерите на двете екипи, ја демострираа реалноста. Просечна игра, со повремени напади пред се кон голот на вардарци, и по некоја воздишка за делумните шанси.
Со само два удар во рамките од голот, фудбалерите на Пелистер и Вардар, останаа должни.
Но играта се заборава а бодовите и победа се памти. На неа се радуваа битолчани кои благодарение на голот на капитенот Мирко Ивановски во 90-тата минута му донесе победа на Пелистер со 1-0.
По овој исход, Пелистер сега има 16 бодови и е на 7.место на табелата, а Вардар со 8 е последен 12-ти.
ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА – 13 КОЛО
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 1-0
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-0
АП БРЕРА – СИЛЕКС 0-1
БЕСА – СТРУГА ТЛ 1-2
ШКУПИ – ГОСТИВАР 0-1
ВОСКА СПОРТ – ТИКВЕШ 0-0