Ракометарите на Вардар и Охрид попладнево ќе го играат дерби дуелот од 10.коло во машката Супер лига.

Двата тима досега имаат по осум победи и само еден пораз и се на делба на второто и третото место на табелата. Вардарци во овој меч влегуваат по убедливиот пораз од Порто во Европската лига. Охриѓани пак својот настап на евро-сцената го завршија минатата сабота, па сега комплетно може да се посветат на домашните обврски.

Дербито во СЦ „Јане Сандански“ ќе почне од 18 часот, како и останатите два дуели закажани за денеска, додека последниот на програмата е утре во Прилеп.

Вчера се одиграа првите два натпревари во кои Алкалоид и Тиквеш славеа победи над Куманово и Струга.

Оваа рунда ќе биде последна пред репрезентативната пауза и настапот на Македонија во квалификациите за ЕП 2026-та. Црвено-жолтите ќе се соберат утре во Скопје, а првите два натпревари, против Естонија и Литванија. Во нашата „А“ група е и селекцијата на Словенија.

СУПЕР ЛИГА (МАЖ) – 10.КОЛО

САБОТА
18:00 ВАРДАР – ОХРИД
18:00 БУТЕЛ – Е. ПЕЛИСТЕР
18:00 РАДОВИШ – ПРОЛЕТ
НЕДЕЛА
18:30 ПРИЛЕП –БИСИНОВ Ф.Л.
ПЕТОК
АЛКАЛОИД – КУМАНОВО 40-25
ТИКВЕШ – СТРУГА 38-30