Борусија Дортмунд му го нанесе првиот пораз на Лајпциг во Бундес лигата. Со 2:1 „милионерите” дојдоа до многу значаен триумф за нив во петти во новата сезона.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, вечерва доби шанса, повторно во вториот дел и одигра 36 минути во дербито.
Лајпциг прв стрелаше во 27.та минута со голот на Бенџамин Шешко. До полувреме на 1:1 изедначи Баиер во 30.та минута. Во вториот дел по доминација на Дортмунд плод дојде во 65.та минута кога Гираси стрелаше по асистенцијата на Баиер за 2:1.
Со овој пораз Лапциг го загуби чекорот којшто го имаше со Баерн Минхен. Сега Лајпциг по 9 одиграни кола е 2.ро пласиран и има 20 бода. Доррмунд пак е 5.то пласиран со 16 бода.