Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска ќе го игра седмиот натпревар во Лигата на шампионите.
Во рамките од „А“ групата битолскиот тим гостува данскиот вицешампион Фредериција.
Двете екипи се на самото дно на табелата. Данците имаат една победа и пет порази, еден помалку од Е.Пелистер кој е последен.
Предводникот на зелено-белите Звонко Шундовски говорејќи повеќе за противникот, скромно истакна дека неговиот тим ќе се обиде да извлече поболен резултат.
„Со победата против Висла, Фредериција доби самодоверба, но тоа нас не нè интересира.
Имаме своја работа и подготвени сме за позитивен резултат.
Сите веруваме во тоа и со правилен пристап мислам дека имаме шанси. Убеден сум дека оваа екипа ќе ги покаже своите квалитети“, истакна Шундовски.
натпреварот меѓу Фредериција и Еурофарм Пелистер ќе почне во терминот од 18.45 часот