Фудбалерите на Работнички ја продолжуваат својата рапсодија, „Романтичарите“ и по 12-тиот одигран натпревар во ПМФЛ останаа единствените не поразени.

Во дербито од ова коло, тимот на Работнички на гостувањето во Кратово кај Силекс одигра без победник 1-1. Скопјани поведоа преку Ирецот, Али Рехба во 20-тата минута од натпреварот. Силекс до израмнување стигна во 78.минута со погодокот на Босанецот, Алиќ.

Нерешениот исход на овој дуел во прилог и оди на тетовска Шкендија која со 2-1 славеше над Беса. Сите три гола на овој натпревар беа постигнати во првото полувреме. Рамадани (14) и Ибраими (23) погодија за домаќините, а голот за гостите го постигна Веља (32).

Натпреварот во Охрид меѓу Воска спорт и Шкупи заврши со победа на домаќините со 3-1. Воска поведе во 35.минуа преку Јахија. Во вториот дел Шкупи израмни преку Тамба (56). Во продолжението на натпреварот домаќините постигнаа два гола за победа и важни три бодови.

Во Кавадарци, Тиквеш загуби од шампонот Струга ТЛ со 0-1. Кавадарчани односно Спиркоски во 78.минута не реализира пенал, а стружани до трите бода стигнаа со голот во 88-мата минута.

Вардар продолжува за „тоне“. Црвено-црните го претрпеа и осмиот пораз откако денеска беа совладани од АП Брера со 0-1. Победничкиот гол за струмичани го постигна Србинот, Ивковиќ во 19-тата минута.

Без голови (0-0) завршија натпревари во Маџари каде малку фалеше Пелистер да дојде до победа.

Работнички е прв на табелата сега со 24 бодови, само еден повеќе од Шкендија и два од Силекс и Гостивар. На последните три места се Воска спорт со 10, Тиквеш и Вардар со по 8 бодови.

За кратко сите голови ќе може да ги видите на едно место овде.

ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА – 12.КОЛО
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 1-1
ШКЕНДИЈА – БЕСА 2-1
ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР 0-0
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 0-1
ВАРДАР – АП БРЕРА 0-1
ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ 3-1

СИТЕ ГОЛОВИ НА ЕДНО МЕСТО