Актуелниот НБА шампион Бостон ја оствари и четвртата победа во исто толку одиграни натпревари во новата сезона. Во дербито на вечерта „Селтикси“, пред своите навивачи, го совладаа Милвоки со 119-108.
Пејтон Причард ги засени сите со осум тројки и вкупно 28 поени. Џејлен Браун беше прв стрелец кај победникот со 30 поени.
На Милвоки не му помогнаа и 63-те комбинирани поени на Антетокумпо и Лилард да го избегне третиот пораз во низа.
Ди перфектни 4-0, стигнаа и кошаркарите на Кливленд кои го победија Њујорк на гости со 110-104. Дариус Гарланд постигна 34 поени, 15 кога се кршеше резултатот, а Донован Мичел додаде 25. Ова е најдобриот старт на Кливленд од 2016 година кога беа предводени од Леброн.
Леброн пак беше далеку од очекуваното во поразот на ЛА Лејкерси кај Феникс со 109-105. Џејмс постигна скромни за него 11 поени, а „Езерџиите“ го претрпеа првиот пораз. Затоа пак Дервин Букер со 33 и Кевин Дурент со 30 поени одиграа на нивото и му ја донесоа на „Санс“ третата победа.
„Лоша“ вечер имаше и Лука Дончиќ кој постигна само 15 поени во победата на Далас над Јута со 110-102. Словенецот додаде и 9 скокови и 8 асистенции една помалку од Кајри Ирвинг кој со 23 поени беше прв стрелец за победникот.
На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати:
Орландо – Индијана 119:115
Атланта – Вашингтон 119:121
Мајами – Детроит 106:98
Торонто – Денвер 125:127 пр.
Мемфис – Чикаго 123:126
Сан Антонио – Хјустон 101:106
Сакраменто – Портланд 111:98