Во Париз вечерва се одржа свечената церемонија на прогласување на најдобрите во фудбалот за 2024-та година. Лауреати на популарната „златна топка“ или „Ballon d’Or 2024“ се шпанските фудбалери и клубови.

Фудбалериот на Манчестер Сити и шпанската репрезентација Родриго Хернандез Касканте, познат како Родри или Родриго, е добитник на признанието „златна топка“ во машка конкуренција.

Кај дамите, втора година за најдобра е прогласена Шпанската, Итара Бонмати член од Барселона.

Нејзиниот клуб доминираше во женскиот фудбал во сите конкуренции. Затоа екипата на Барселона го понесе признание на најдобра женска екипа.

Актуелен првак на Шпанија, воедно и освојувач на Лигата на шампионите, Реал Мадрид е најдобриот клуб во машка конкуренција. Сепак, иако беше најавена 50-члена делегација, ниту еден претставник на „Кралскиот клуб“ не се појави на церемонијата да ја прими наградата.

Затоа пак имаше причина за уште едно славле, а тоа е признанието за најдобар млад фудбалер. „Чудото од дете“ на шпанскиот гигант Барселона, Ламин Јамал го понесе тоа признание, а воедно беше и во конкуренција на 10-мината за главното признание.

Признанието „Герт Милер“ кое се доделува за најдобрите стрелци, со идентични по 52 постигнати голови, признанието го понесоа двајца фудбалери. Англичанецот, Хари Кејн од минхенски Баерн и Французинот, Килијан Мбабе, кој до лани го носеше дресот на ПСЖ.

Како и минатата така и оваа година Аргентинецот, Емилијано Мартинез од Астон Вила повторно е прогласен за најдобар голман.

Што се однесува до струката, односно признание најдобар тренер. Кај дамите тоа и припадна на Американката, Ема Хејс, а кај мажите на Италијанецот, Карло Анчелоти.