Селекторот на женска сениорска репрезентација на Македонија, Александар Ашаданов, го објави списокот на кошаркарки за ноемврискиот ФИБА „прозорец“.

Во овој сегмент македонските кошаркарки ги чекаат два натпревари во квалификациите за Европското првенство во 2025 година. Двата натпревари нашите кошаркарки ќе ги играат пред својата публика во СЦ „Кале“ во Скопје.

На 7 ноември Македонија е домаќини на Украина, a три дена подоцна (10 ноември), ја пречекува селекцијата на Португалија.

Стартот на подготовките е закажан за 4.ноември (понеделник, 10 часот), во салата на СРЦ „Кале“.

На списокот се 16 кошаркарки, предводен од искусните Анџелика Митрашиновиќ, Нена Трајчевска и Александра Стојановска, а добар дел од нив настапуваат во странски клубови.

Список на повикани кошаркарки

1. Анџелика Митрашиновиќ – Плештанске Цајки – Словачка
2. Илина Селцова – Вардар
3. Мерит Хемпе – Олимпијакос – Грција
4. Тијана Митрева – Монкалиери-Италија
5. Матеа Николиќ – Бриксиа Баскет Бреша-Италија
6. Милица Николиќ – Студент (Србија)
7. Александра Стојановска – Неа Јониа-Грција
8. Нена Трајчевска – Архил-Шпанија
9. Ивана Кметовска – Баскет кам 2011
10. Сања Адамовска – Баскет кам 2011
11. Катерина Поп-Димитрова – Баскет кам 2011
12. Ања Начевска – Вардар
13. Елена Тасевска – Вардар
14. Михаела Алексовска – Крива Паланка
15. Мартина Марковска – Бадел 1862
16. Мартина Блажевска – МЗТ Скопје Аеродром