Со двата натпревари одиграни вечерва во Скопје, комплетирано е 4.коло во Првата машка кошаркарска лига.

По него само екипата на ТФТ има максимален број на победи, бидејќи Чаир вечерва загуби.

Тимот од скопската населба Тафталиџе, како гостин во „Јане Сандански“ го победи Феникс со 63-80.

Во СЦ „Кале“ кошаркарите на Работнички му го нанесоа првиот пораз на Чаир совладувајќи го со 86-63.

По четири одиграни рунди, со максимален ефект (4-0, победи-порази), ТФТ е осамен на лидерската позиција на табелата. По него со „скор“ 3-1 следуваат, МЗТ Скопје, Пелистер и Чаир. Единствената екипа која досега се нема израдувано на победа е Вардар.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 4.КОЛО
Недела

РАБОТНИЧКИ – ЧАИР 86-63
ФЕНИКС – ТФТ 63-80
Сабота
МЗТ СКОПЈЕ А. – КУМАНОВО 78-68
ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР 77-66
КОЖУВ – ТИКВЕШ 85-64
ШКУПИ – ВАРДАР 89-68