Женската ракометна репрезентација на Македонија со три порази го заврши настапот на ,,Трофеј Карпати”.

По Романија и Словачка, нашите ракометарки денеска загубија од Швајцарија со 22-27.

Лошо го започнаа натпреварот црвено-жолтиот и имаа двојно заостанување, губеа со 5-10. Набрзо ги консолидираа редовите, па на пауза заминаа со два негатива 12-14.

Во вториот дел (34.минута) нашите ракометарки успеаја да го израмнат резултатот на 15-15. Но во наредните 15.минути постигна само два, а примија седум гола, па противникот поведе со 22-17. Тогаш беше веќе јасно дека македонските ракометарки немаат сили за пресврт. На крајот Швајцарија славеше со 27-22.

Сара Ристовска со пет голови беше нашата најефикасна ракометарка.

Овие три натпревари беа дел од подготовките за претстојното Европско првенство што ќе се игра следниот месец.

Македонија ќе игра во групата во Дебрецен, каде за противници ќе ги има, Шведска, Турција и ко-домаќинот Унгарија редоследно.