Женската репрезентација на Македонија од денеска до недела ќе настапува на турнир „Трофеј Карпати“ во романскиот град Клуж.
Овој турнир е дел од подготовките за нашите ракометарки кои кон кракот на следниот месец (ноември) ги очекува настап на Европскиот шампионат.
Во тимот ќе недостасува Ива Младеновска од францускиот Брест, која поради повреда, не можеше да му се стави на располагање на селекторот Кристијан Грчевски. Тој пак на располагање ќе има 18 ракометарки кои ќе бидат во комбинација за трите натпревари.
Во првиот натпревар денеска македонските ракометарки ќе играат против домашната селекција на Романија во терминот од 16.30 часот. Утре (сабота 13.30 часот) противник ќе биде Словачка, а в недела (11.30 ч.) е дуелот со Швајцарија.
Натпреварот Македонија – Романија може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ (линк).
Македонските ракометарки на ЕП ќе настапат во групата „А“ во Дебрецен. Во неа за противници редоследно ќе ги имаа Шведска, Турција и ко-домаќинот Унгарија редоследно.