Во НБА лигата ноќеска се одиграа четири натпревари во кои поуспешни беа гостинските екипи.
Единствената победа за домаќините ја оствари Далас кој со 120:109 го совлада Сан Антонио.
Минатогодишниот финалист до триумфот го предводеа Лука Дончиќ и новото засилување Клеј Томсон. На Словенецот му фалеа два скока да ја почне сезоната со трипл-дабл. Дончиќ постигна 28 поени, десет скока и осум асистенции. Клеј Томпсон беше многу добар на своето деби со 22 поени (6/10 тројки) и седум скока.
Никола Јокиќ со својот Денвер сезоната ја започна со пораз пред своите навивачи. Јокиќ стартуваше со трипл-дабл со 16 поени, 12 скока и 13 асистенции, но тоа не беше доволно Денвер да ја совлада Оклахома. Шај Гилиус Александер со 28 поени, седум скока и осум асистенции ги предводеше „Тандерси“ до триумф со 102:87.
И на другите два натпревари победи остварија гостинските екипи. Шампионот Бостон ја оствари втората совладувајќи го Вашингтон со 122:102. За „Селтикс“ Џејлен Браун постигна 27 поени и осум скока, а Џејсон Тејтум 25 поени, 11 скока и шест асистенции.
Во Сакраменто беше најнеизвесно, а победа славеше Минесота со 117:115. Победникот беше решен на две секунди пред крајот која Ентони Едвардс ги реализира двете слободни фрлања. Тој натпреварот го заврши со 32, а Џулиус Рендл постигна 33 поени.