Кошаркарите на ТФТ и во третиот натпревар од новата сезона во Првата лига славеа победа.
Во воведниот дуел од 3.коло одигран во СРЦ „Кале“, екипата на ТРФ го совлада Кожув минимално 79-77. со
„Црно-белите“ водеа во најголем дел од натпреварот, но до победата стигнаа во неизвесна завршница.
На 23.секунди пред крајот Бојчев погоди за 79-77. Дополнителното слободно фрлање не го реализира, а топката дојде до Вилсон кој упати удар кон противничкиот кош. Сепак пред него се испречи Николов кој со блокада не дозволи израмнување, а на ТФТ му донесе нова радост.
А четири играчи од стартните пет на екипата од Тафталиџе завршија со двоен број на поени. Ги предводеше Говенс со 21 поени. Дабл-дабл ефект имаше Зафиров со 16 поени и 12 скока, Мекиќ дојде до 14, Николов заврши со 11 поени и пет скока.
Бадијала останаа 35-те поени на Пилепиќ како и 16-те на Стевановиќ и двојниот ефект на Вилсон со 10 поени и 11 скока, кога Кожув го претрпе вториот пораз.
Ова беше првиот натпревар од 3.коло во кое дербито ќе се игра попладнево од 18 часот. Во СЦ „Кале“ ќе играат вечните ривали Работнички и МЗТ Скопје Аеродром.