Шампионот МЗТ Скопје Аеродром лесно и убедливо го совлада Работнички со 14 разлика.

Дуелот од 3.коло на Првата лига требаше да биде дерби, но наместо тоа аеродромци доминираа и славеа со 70-56.

Уште на самиот старт шампионот ја направи разликата. По почетните 6-4 за Работнички, екипата на МЗТ направо серија од 24-0. Го добија аеродромци периодот со 28-8. По само 75.секунди игра во втората четвртина при резултат 30-13 за МЗТ, натпреварот беше прекинат. Причината се фрлените предмети и пиротехнички срефства на теренот. По речиси едно часовен преки и празнење на дел од трибините каде беа двете навивачки групи, натпреварот продолжи.

Но тоа не ја смени сликата на теренот па МЗТ си продолжи со својата игра. Имаа сино-белите и најголеми 22 поени разлика во третиот период, за на крај да слави со 14 (70-56).

Копривица со 15, Дамјан Стојановски со 11, и Баковиќ со 10, беа тројцата играчи во победничкиот тим на МЗТ со двоцифрен број на поени. За аеродромци ова беше втора победа во првенството во кое Работнички го претрпе првиот пораз.

Денеска беа одиграни уште четири натпревари.

ТФТ, Тиквеш и Чаир ја искористија предноста на домашниот терен, а тоа покрај Работнички не го стори и Вардар.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 3.коло
Сабота

РАБОТНИЧКИ – МЗТ СКОПЈЕ А. 56-70
ТФТ – КОЖУВ 79-77
ВАРДАР – ФЕНИКС 72-77
ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 80-75
ЧАИР – ШКУПИ 98-80
Недела
19.00 ПЕЛИСТЕР – МКК КУМАНОВО