Викендов ќе се одигра 7-то коло од женската Супер лига. Во оваа рунда фаворитите ќе имаат лесни задачи.

Во група А, денес екипата на Стружанка ќе гостува кај Скопје, во спортската сала ФФОСЗ, додека утре Чаир на домашен терен ќе го пречека тимот на Ѓорче Петров МРК.

Во рамки од група Б Овче Поле ќе се соочи со тимот на Гевгелија во Свети Николе. Додека утре екипата на Куманово ќе гостува во Битола, каде што ќе игра против Пелистер.

Двата натпревари од групата В се закажани за денес. Шампионот Ѓорче Петров гостува кај Деспина во Прилеп додека Шампион игра против екипата на Спартак.

Слободни ова коло се екипите на Вардар, Металург Автокоманда и Астибо.

Ивона Кимовска