Во седмото коло од женската Супер лига, актуелниот првак Ѓорче Петров гостуваше кај тимот на Деспина во Прилеп. Иако Ѓорчепетрвки се мачеа во првото полувреме, сепак во вториот дел доминираа, па крајот убедливо славеа со 32:17.

Деспина силно го отвори натпреварот, поведувајќи со 6:1 уште во 7-та минута. Сепак шампионот во 20-тата минута се доближи на 9:7, а потоа и го израмни резултатот на 10:10. На полувреме Ѓорче замина со минимална позитива од 12:11.

Гостинската екипа во втората половина направи серија од 6-0 и успеа да поведе со 17:12. Деспина повеќе немаше никави шанси, Ѓорче постепено само ја зголемуваше предноста. „Лавиците“ во 50-тата минута зголемија на +11 (25:14), а крајниот резултат беше 32:17.

Најефикасни од Ѓорче Петров беа Дежиќ, Муратовиќ и Санхон со шест погодоци, додека од Деспина Гичева и Ѓорѓиоска дадоа по пет гола.

Во групата „Б“ групата ракометарките на Овче Поле со 18-14 ја победија Гевгелија за која ова беше шести пораз во исто толку одиграни натпревари.

Максимален број на порази, но пет, имаат и ракометарките на Стружанка кои загубија на гостувањето кај тимот на Скопје со 34-24.

Ивона Кимопвска