Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, ќе настапува на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ во Романија.
Овој турнир за македонските ракометарки доаѓа како дел од подготовките за ЕП што ќе се игра во ноември.
Македонија на „Трофејот Карпати“ ќе игра против домаќинот Романија, Словачка и Швајцарија, а турнирот ќе се одржи од 24 до 27 октомври.
Ова е период во кој е предвидена ЕХФ неделата за женските репрезентации, па селекторот Христијан Грчевски го објави и поширокиот списокот.
На списокот на Грчевски се 22 ракометарки кои на 21-ви октомври треба да се појават на првата прозивка.