Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечерва има тешко гостување во Полска кај екипата на Висла Плоцк во натпревар од 5.то коло од групата А од Лигата на шампионите. Битолчани по освоениот бод во претходното коло на домашен терен со Спортинг и триумфот во домашното првенство со Охрид, со позитивна атмосфера отпатува во Полска.
Висла во претходните четири кола од Лигата на шампионите претрпе четири порази.
Висла е добра, квалитетна екипа предводена од шпански тренер (Ксаиер Сабате) и сосема разбирливо негува шпански систем на игра. И тие во пресрет на дуелот постигнаа победа во дербито на полското првенство совладувајќи го Киелце. Но, за нас оваа недела немада биде само овој натпревар важен бидејќи и во домашното првенство го играме дербито со Алкалоид на гости, но не радува што имаме добра енергија. Во Полска нема да гледаме да загубиме што помалку. Имаме неколку повредени играчи, но мислам дека сите ќе бидат здрави за натпреварот, изјави тренерот на Еурофарм Пелистер Брансилав Ангеловски.
Натпреварот Висла – Еурофарм Пелситер почнува во 20:45 часот, а ќе го судат Амар и Дино Коњичанин од Босна и Херцеговина.