Во машка ракометна Супер лига денеска ќе се играат три натпревари од седмото коло.

Сепак дербито на колото ќе се игра утре во Битола, каде шампионот Еурофарм Пелистер го пречекува Охрид кој досега не перфектен.

Тоа ќе биде првиот голем „испит“ за избраниците на Стефче Алушовски кои на досегашните шест одиграни натпревари забележаа исто толку победи. За охриѓани дуелот со пелистерци ќе биде вистински тест пред настапот во ЕХФ Европскиот куп и дуелот со романската екипа Потаиса Турда.

Со неколкуте засилувања популарните „гладијатори“ се наметнуваат како едни од претендентите за највисок пласман во домашното првенство.

Против себе ќе го имаат шампионот кој пред три дена одигра одличен натпревар во Лигата на шампионите и го освои првиот бод. Тоа секако ќе биде дополнителен мотив за зелено-белите да атакуваат на шестата победа.
Затоа, утрешното дерби во Битола што ќе се игра утре ќе биде вистински тест за можностите на охридската екипа.

Сите натпревари од Супер лигата може д аги гледате ВО ЖИВО овде.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) –7 КОЛО

12.10.2024 – САБОТА
18:00 ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ
18:30 ПРИЛЕП – ВАРДАР
18:30 ПРОЛЕТ – КУМАНОВО
13.10.2024 – НЕДЕЛА
13:30 СТРУГА – РАДОВИШ
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОХРИД
11.10.2024 – ПЕТОК
19:00 БИСИНОВ БОРЕЦ – АЛКАЛОИД 22-40