Македонскиот одбојкарски првак, тимот на Работнички го заврши настапот во Лигата на шампионите, но не и на европската сцена.
Одбојкарките на Работнички го загубија и реванш дуелот со романскиот тим Волунтари во квалификациите на елитното натпреварување.
Романскиот состав сепак во моментов е поквалитетен, а тоа го потврди и во вечерашниот дуел кој го доби со 3:0 По сетови македонските шампионки освоија 11, 16 и 15 поени.
Сепак ова беше добро искуство за одбојкарките на Работнички кои ќе продолжат во ЦЕВ купот.
И во него за противник ќе имаат романска екипа и тоа Алба Блаж. Првиот меч ќе се игра на теренот на противникот на 13 ноември, а реваншот е седум дена подоцна во Скопје.