Засилениот состав на ОК Струмица со победа го започна настапот во ЦЕВ Купот.
Вечера во Струмица во салата ,,Парк,, со 3-0 во сетови беше декласиран унгарскиот тим на Фино Капошвар.
Струмица предводена од Никола Ѓорѓиев кој се врати во матичниот клуб по две децении, стигна до победа во 1.коло од ЦЕВ купот.
Одличната игра уште во првиот сет ја наговести убедливата победа на Струмица која брилираше во сите три сета (25-19; 25-23 и 25-19).
Токму Никола Ѓоргиев беше најдобар во тимот со 17 поени, Маџунков имаше 9, Наков 8, а Љафтов со 6 поени.
Така нашиот шампион со одлична предност ќе патува на реваншот во Унгарија кој се игра следната недела.