Кошаркарите на Работнички вечерва о претрепеа и вториот пораз во рамите од групата во АБА 2 лигата откако загубија на гостински терен во Нови Сад од екипата на Војводина со 93:62 (28:20; 19:18; 26:12 и 20:12).
Домашниот тим од самиот почеток на дуелот навести дека е подготвен за добар натпревар. Работнички резултатски беше конкурентен до почетокот на вториот период кога намали на 28:23, но брзо следуваше серија поени за Војводина и прво двоцифрено водство од 33:23. На полувреме беше 47:38.
Третиот период беше убедливо најдобриот за кошаркарите на Војводина, кои го добија со 26:12 што беше најава за убедливата победа. До крајот на натпреварот Војводина стигна и до позитива од 31 поен.
Најефикасни кај Работнички беа Виктор Ефремовски со 17 поени и Стојан Ѓуроски со 15, додека кај победничкиот тим најпрецизен беше Џордан Дингл со 15 поени.
Работнички во следното коло е домаќин на екипата на Босна на 23.октомври во Скопје.