Актуелниот кошаркарски првак на Макеоднија, тимот на МЗТ Скопје Аеродром, со убедлива победа над Шкупи ја почна однбраната на титулата.
Во воведниот натпревар од новата сезона, аеродромци како гости го декласираа повратникот во Првата лига Шкупи со 95-59.
На натпреварот одигран во СЦ „Кале“ освен во првиот период што заврпи со два разлика за МЗТ (20-22) се останато мина во знакот на шампонот. Од минута во минута, сино-белите само ја зголемуваа предноста, која најмногу nкрајот изнесуваше 36 поени.
Прв стрелец во таборот на МЗТ беше Андреј Андоновски со 21 поен, додека Андреј Маслинко постигна 17. Кај Шкупи Закор Арчи реализира 18 поени.
Ова беше вториот натпревар од воведното коло. Во првиот ТФТ го победи МКК Куманово, а во третиот, што исто така ќе се игра во СЦ „Кале“ се среќаваат Работнички и Феникс.
Останатите три натпревари од 1.коло ќе се играат утре.