Екипите на Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд не ја оправдаа фаворитската улога и загубија планирани бодови во шестата рунда во Бундес лигата.
Баер пред своите симпатизер во Минхен одигра само нерешено 2-2 во дуелот со Холштајн Кил.
Шампионот со погодоците на Бонифејс и Хофман, веќе во осмата минута имаше два гола предност, но не успеа да победи. Гостите од Кил преку Гешвил (45+5) и Арп (69.минута) успеаја да ја анулираат негативата и да освојат бод.
Во Берлин екипата на Унион ја совлада Борусија Дортмунд со 2-1.
Вогт од пенал (26.минута) и Вертенсен (45) беа стрелци на головите за домашниот тим. „Милионерите“ од Дортмунд само успеаја да го ублажат поразот (2-1) преку Рајерсон.