Македонскиот олимпиец маратонецот Дарио Ивановски утре (недела) ќе биде на стартната линија заедно со останатите учесници на маратонската трка на Виз Ер Скопски маратон. Ова за најдобриот македонски атлетичар во историјата ќе биде прв настап по Олимписките игри, каде за време на трката се здоби со поверда, но сепак успеа да го истрча олимпискиот маратон.
Дарио имаше мал пех на Олимписките игри, повреда за време на трка поради која не го истрча тоа за што беше подготвен и сите го очекувавме. Потребно беше подолг период за да ја залечи повредата од Париз. Дарио сепак реши да трча и да биде дел од маратонската трка. Не да форсира, нема да брка време и сигурно ќе ужива. Но, доколку Дарио почувстува дека може да се носи со тркачите од Кенија сигурно ќе проба „да ги прати“, изјави Кире Синадиновски диркторот на Виз Ер Скопски маратон.
Ивановски е победник на Скопски маратон во 2021 година, а тој е македонски рекордер во маратон со резултат – 2:08.26 часа постигнат во Севиља на 18.февруари 2024 година.