Во Фудбалската федерација на Македонија попладнево беше извршена ждрепка за осминафиналето во Купот.
Најголемо внимание се очекува да привлече дуелот меѓу Вардар и бранителот на трофејот Тиквеш.
Ова особено по нивниот последен меѓусебно натпревар кој беше прекинат предвреме.
Од останатите дуели издвојуваме. Во Кратово, Силекс ќе го пречека Шкупи, а шампионот Струга ТЛ ќе биде домаќин на повеќекратниот освојувач на Купот, Македонија ЃП.
Натпреварите ќе се играат на 23 октомври од 14 часот, а ако нема победник по 90.минити, ќе се изведуваат пенали.
Куп на Македонија 1/8 финале:
БРЕРА Академија Пандев – БЕСА
ВАРДАР – ТИКВЕШ
ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА
ПЕЛИСТЕР – ДЕТОНИТ Плачковица
ШКЕНДИЈА – ШКЕДНИЈА Арачиново
СТРУГА Трим Љум – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
СИЛЕКС – ШКУПИ
АРЕСИМИ – ВОСКА Спорт