Настапот на фудбалската репрезентација на Македонија, во Лигата на Нациите, е причината ден порано од вообичаеното да се играат натпреварите во Првата лига.
Така наместо во недела, дуелите од 9.коло во ПМФЛ ќе се играат утре.
Дербито на колото ќе се игра во Кратово каде Силекс ќе ја пречека водечката екипа на табелата тетовска Шкендија.
На националната арена „Тодор Проевски“ фудбалерите на Вардар кои се во долниот дел од табалата го пречекуваат шампионот Струга Трим Лум.
Тоа се двата дуели кои ќе привлечат најголемо внимание, но останува да се види дали Работнички и Гостивар и по ова коло ќе останат без пораз
ПРВА ЛИГА – 9.КОЛО
5 октомври (сабота) 14 часот
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
ВАРДАР – СТРУГА Т.Л.
ГОСТИВАР – БЕСА
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
ШКУПИ – АП БРЕРА
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ