Во фудбалскиот Куп на Македонија, денеска ќе бидат познати последните три екипи што ќе играат во осминафиналната рунда.

Иако пред дваесетина дена се одиграа најголемиот дел од натпреварите од првата руда во националниот Куп, таа денеска ќе биде заокружена со три натпревари.

Повеќекратниот освојувач на Купот, а сега второлигаш Македонија Ѓорче Петров ќе гостува кај Беласица.

На теренот на противникот ќе играат и прволигашите Гостивар и Воска спорт и тоа против Победа и Башкими.

Пласман во осминафиналето покрај бранителот на трофејот Тиквеш кој ја прескокна оваа фаза обезбедија уште 12 екипи

КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/16 финале

БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ПОБЕДА – ГОСТИВАР
БАШКИМИ – ВОСКА СПОРТ

Натпреварите ќе почнат во 14 часот, a може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.