Лионел Мести го постигна својот 15-ти гол во американската МЛС лига, со кој го спаси својот тим од пораз.
Интер Мајами беше домаќин на Шарлот со кој одигра 1-1, што беше трето реми за Меси и другарите.
Гостите поведоа во 57.минута со голот на Полјакот, Швидерски.
Меси во 68-та минута со прекрасен гол од 20-тина метри израмни на 1-1, што се покажа и како конечен резултат на натпреварот.
Ова реми не ја нарушува многу ситуацијата за Интер. Тимот од Мајами остана лидер на табелата во Источната конференција со 65 бодови, осум повеќе од Колумбус.