Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини во изјава за телевизија Клан го потврди нападот врз него.

Излегувајќи од полициската станица каде го пријавил настанот, Сејдини изјави дека три лица му пришле и го нападнале.

„Во моментов не можам да знам кој го извршил нападот.

Бев во ресторанот „Балканика“ и во моментот кога излегов од паркингот бев нападнат од три лица.

Фала Богу лесно поминав. Се надевам дека органите на МВР и сите надлежни институции ќе преземат мерки за расветлување на овој случај“,

изјави Сејдини за Клан Македонија.

Нападот врз првиот човек на ФФМ е потврден во полицискиот билтен. Од МВР пренесуваат дека се работи на пронаоѓање на сторителите.