Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е освојувач на трофејот во Супер Купот на Македонија. Во воведниот меч од новата сезона, МЗТ го совлада Пелистер со 78-64. За Аеродромци тоа е седми трофеј во Супер купот.
Интересен натпревар одиграа овие екипи во СЦ „Кале“ во Скопје. Во првото полувреме за нијанса подобри беа зелено-белите. Ја добија пелистерци првата четвртина со 21-19, а вториот заврши нерешено 19-19. Затоа на одмор Пелистер замина со два позитива 37-35.
Во третиот квартал шампионот одигра за ниво подобро, го доби периодот и во полесната четвртина влезе со шест поени предност (56-50). Знаеја како искусните кошаркари на сино-белите да го контролираат резултатот. Имаа во повеќе наврати двоцифрена предност со кој мирно го приведоа натпреварот до крај.
Американецот, Брендон Слај со 14 поени беше прв стрелец во победничката екипа, за која Бојан Крстевски додаде 13, а Андреј Маслонко 12 поени. Во поразениот тим Андрија Бојиќ реализира 26 поени со кои беше најефикасен на натпреварот.
Сега двата тима ќе се насочат кон она што им претстои во домашното првенство и во регионалната АБА2 лига.
Пелистер веќе во вторник го очекува првиот натпревар во АБА2 лигата. Во Битола ќе гостува екипата на Широки Бријег. МЗТ Скопје го доби првиот меч во АБА2 совладувајќи го Теодо Тиват 68-50.
Натпреварите од 1.коло во новата сезона на Првата лига ќе се играат следниот викенд.