Во СЦ „Кале“ во Скопје денеска ќе се играат натпреварите во Супер купот во двете конкуренции. Тоа практично ќе биде и официјален вовед за стартот на новата сезона во мак-баскетот.

Актуелните шампиони, воедно и освојувачи на Купот на Макеоднја, Баскет Кам во женска и МЗТ Скопје Автодром во машка конкуренција, ја имаат благата улога на фаворити.

Но, двата тима тоа ќе мора да го докажат на теренот во дуелите со своите противници.

Кај дамите, кошаркарките од Македонска Каменица ќе бидат предизвикани од аеродромки односно МЗТ Скопје. Женскиот дуел ќе почне во 17 часот, а машкиот натпревар ќе стартува од 19.30 часот.

Тоа практично ќе биде реприза на финалните натпревари во плејофот и купот на Македонија во кои играат МЗТ Скопје и Пелистер. Сега битолчани се со нов тренер и видно изменет состав, како и амбиции да освојат најмалку еден-два трофеи.

Натпреварите може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

▶️🔴 ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО